Македонија

Тројца приведени како можни убијци на постари лица во Ѓорче Петров

Три лица, односно четири со најновата информација на МВР, се приведени во рамки на истрагата за двете убиства што во период од само пет дена се случија во скопската општина Ѓорче Петров.

„СВР Скопје во текот на вчерашниот ден (27.10.2026) лиши од слобода четири лица, А.С.(22), Х.Е.(20), К.А.(58) сите од Скопје и М.Р.(26) од Струмица, кои се сомничат за двете кривични дела „разбојништво“ со последица смрт по член 237 став 5 од Кривичниот законик извршени на територија на скопски Хром на 22.10.2026 и Ѓорче Петров на 27.10.2026.

Во координација и по издадени Наредби од ОЈО Скопје, а со цел комплетирање на целокупниот доказен материјал за понатамошна постапка, за лицата е побаран краткотраен притвор согласно член 170 вв член 165 од Законот за кривична постапка, по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, објави полицијата.

Според неофицијалните информации што ги објавија дел од медиумите, истражните органи испитуваат дали зад убиствата стои користољубие. Се сомнева дека жртвите биле нападнати и ограбени во сопствените домови.

Едно од убиствата беше откриено на 22 октомври, кога во дом во Ѓорче Петров беше пронајдено безживотното тело на 62-годишен маж. При првичниот преглед биле констатирани траги од насилство, поради што телото било предадено на обдукција.

Пет дена подоцна беше откриен уште еден случај на насилна смрт во истата скопска општина, што ги отвори сомнежите за можна поврзаност меѓу двете убиства. Во куќа на улицата „Ѓурчин Кокале“ е пронајдена мртва 76-годишна жена

Според неофицијалните сознанија, постојат одредени сличности во начинот на извршување на нападите, а полицијата работи на утврдување дали станува збор за поврзани кривични дела.

За двете жртви се наредени обдукции, чии резултати треба да помогнат во расветлувањето на околностите под кои настапила смртта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons