Нови 290 случаи на корона вирус

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 01.07 до 03.07.2022). Направени се 1.695 тестови, а регистрирани се 290 нови случаи на КОВИД-19

Од вкупниот број на позитивни (290), регистрирани се 49 реинфекции. Регистрирани сe 250 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 3 дена (од 01.07 до 03.07.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.084.385 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 314.501, бројот на оздравени пациенти е 304.239, на починати е 9.327, а бројот на активни случаи изнесува 935.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons