Тројца повредени во сообраќајка со автобус на ЈСП 

Три лица се повредени во судар помеѓу автобус на ЈСП и патничко возило доцна синоќа на булевар АСНОМ во Скопје.  Во автобусот „Јутонг“ кој сообраќал на линија 3 немало патници, завршил со смена  и се повлекувал во гаражата во Автокоманда. Има и реакција од ЈСП дека патничкото моторно возило удрило во автобусот со неприлагодена брзина.

Со тешки телесни повреди поминала сопатничка во автомобилот. Повредени се и двајцата возачи. Сите биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. 

– Ноќеска вo 23.50 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосница од бул.„АСНОМ“ со сервисна улица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(29) од Скопје, и автобус на ЈСП, управуван од С.Б.(33) од Скопје, објави МВР.

На крстосницата кај што се случи сообраќајката и изутринава имаше остатоци од оштетените возила, а сообраќајот се одвиваше по една лента.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons