Три и пол годишно боледување – рекорд во Македонија
Работник бил три и пол години на боледување, што е тековен рекорд засега откриен во Македонија
ТВ Сител известува дека Фондот за здравствено осигурување случајно го евидентирал овој континуитет во системот.
За осиугуреникот дале препорака да оди на проверка на работната спосбност.
Ова не е единстефн предмет на злоупотреби особено за време на пандемијата, а особено се злоупотребуваат извештаите за пост-ковид компликации.
Инаку пред неколку дена во Црна Гора беше објавено дека тамошен осигуреник го држи рекордот од шест години на боледување, а има и други случаи кои се на добар пат да го соборат.