Дали Владата веќе ја загуби контролата на поскапувањата?

Владата најавува засилени контроли, откако и натаму се забележува растот на цените на основните прехранбени производи, а некои како маслото за јадење го нема воопшто на рафтовите.

Од таму велат дека направиле се што може да се направи и дека трговците треба да се општестевно одговорни.

– Тешко дека можеме секаде да стасаме. Таму каде што има информација, инспекциските служби адекватно ќе реагираат, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Вицепремиеорт дополни дека кризата ја зголемила свеста за зголемено домашно производство на прехранбени продукти.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons