Три гола на Илоски беа малку за Филаделфија против Меси и Интер Мајами (ВИДЕО)
Интер Мајами и Филаделфија Унион одиграа луд меч со дури десет голови кој го добија „розевите“ со 6-4, а три погодоци за гостите беа дело на фудбалерот со македонско потекло, Милан Илоски.
По само десет минути игра Македонецот веќе имаше дадено два гола. Илоски погоди во 3. и 10. минута за предност на Филаделфија од 2-0.
Потоа се променија работите, третиот гол на Илоски беше во судиското продолжение од првиот дел за 4-4.
Во меѓувреме хет-трик реализираше и Луис Суарез кој ги даде половина од погодоците на Интер Мајами.
Меси имаше две асистенции, но и заработи повреда во 73. минута кога директно излезе во соблекувалната.



