Трагична верижна сообраќајка: Едно лице загина, 7 од кои 3 деца се повредени откако се судрија пет возила кај Крагуевац

Едно лице загина, а најмалку 7 се повредени во верижниот судир што се случи вечерва во Ботуњa кај Крагуевац во централна Србија, потврдија од Полициската управа за Радио телевизија Крагуевац.

Нешто пред 19 часот на државниот пат Крагуевац-Баточина се случила тешка сообраќајна незгода, по што на местото на настанот излегле поголем број припадници на полициската управа Крагуевац, Бригадата за противпожарна и спасувачка служба и Институтот за итна медицина.

Судир меѓу автобус и четири автомобили – Утврдено е дека дошло до верижен судир меѓу автобус и четири патнички возила, во кој се повредени неколку лица. Сите повредени се пренесени во Универзитетскиот клинички центар во Крагуевац.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons