ТРАГЕДИЈА: ЗАГИНАЛ МИГРАНТ ОД СТРУЕН УДАР НА ПОКРИВ ОД ВОЗ ВО ГРАДСКО – сите обиди за спас биле залудни 

Едно лице, најверојатно мигрант, кое нелегално се превезувало на покривот од вагодните на возовите што сообраќаат од Гевгелија за Скопје, загинал откако добил струен удар. За случајот информираат од Центарот за управување со кризи, од каде посочија дека несреќата е пријавена на единствениот број за итни повици Е-112 во ЦУК Велсе. – Добиена е информација дека мигрант, кој се качил на покривот на вагоните на воз, што сообраќал на релација Гевгелија – Скопје, во населеното место Градско дошол во допир со кабел на електрична енергија при што лицето добило струен удар. Случајот е пријавен во МВР и Итна медицинска помош. Според информациите добиени од МВР лицето не давало знаци на живот, а потоа и од Итната медицинска помош било констатирано истото. Настраданото лице е од машки пол на возраст од околу 30 години – посочуваат од ЦУК. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons