ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ: Пожар во куќа, најдена е почината жена 

Полицијата соопшти дека вчера во 20.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во куќа на улица „Трета македонска бригада“ во Скопје. 

Како што информираат, пожарот бил изгаснат, а во куќата била пронајдена почината С.Ч.(75) од Скопје. 

„Смрт констатирал лекар, увид бил извршен од полициски службеници од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons