МагазинНајново

Топло со југоисточен ветер, од утре попладне наместа дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени.

Во Скопје, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Утре и задутре претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а попладне наместа се најавува пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

– Заради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град, предупредува Управата за хидрометеоролошки работи.

До крајот на оваа седмица наместа ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons