Трагедија во Македонска Каменица: 20-годишник загина на мотор 

Вчера, околу 11.40 часот, било пријавено дека на улицата Каменичка, мотоцикл „хонда“, управуван од 20-годишниот И. К. од Македонска Каменица, изгубил контрола и излетал од коловозот по што И. К. паднал од моторот, а моторот удрил во патничко моторно возило „рено лагуна“, со делчевски регистарски ознаки, управувано од 47-годишниот С. Д. од Делчево, извести МВР.

„Во незгодата тешки телесни повреди добил И. К, кој на пат кон болницат починал“, соопшти МВР.

Од страна на лекар од итната медицинска помош констатирана е смрт.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Делчево. По наредба на јавен обвинителј телото на починатиот е предадено за обдукција.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons