Трагедија во Битола: Жена загина во пожар 

На 01.05.2022 во 09.55 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Солунска“ во Битола настанал пожар во куќа сопственост на 82 годишно лице, при што била опожарена една соба.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола пожарот бил изгаснат, а во собата била пронајдена почината 82 годишната жена.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото извршиле екипа од СВР Битола и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата е предадено за погреб.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons