ТРАГЕДИЈА: Велосипедист од Кичево почина откако камион удрил во него! 

На 01.12.2023 во 12.10 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Осломеј-Кичево, кај место викано „Ѓубриштето“, товарно возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.К.(26) од с.Гарани, кичевско, удрило во велосипед управуван од Ј.С.(63) од Кичево. 

Од здобиените повреди на местото починал велосипедистот, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Кичево.

Увид извршила увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons