Тие што ги прекршиле Ковид-19 мерките ќе бидат амнестирани – нема место во затворите 

Министерот за правда, Никола Тупанчевски, синоќа беше интервјуиран во „360 Степени“, каде што меѓу другото, говореше и за казните кои ги добија одреден дел од граѓаните за прекршување на Ковид-19 мерките. 

Имено, се работи за околу 1.200 граѓани на кои им се заканува затворска казна поради непочитување на мерките. Сепак, министерот рече дека се работи во насока што побрзо да се донесе нов Закон за амнестија, бидејќи граѓаните имаат финансиски проблеми, а истовремено затворските одделенија низ земјата се преполни.

-Законската иницијатива е на Кривичниот суд Скопје, со идеја која може да помогне. Станува збор за луѓе кои не се криминалци во вистинска смисла на зборот. Статистиката која ја имаме вели дека околу 1.200 граѓани треба да одат во затвор ако не ја платат казната. Мора да сме брзи, бидејќи може да биде задоцнето и нема да ја исполниме целта – рече Тупанчевски во гостувањето во „360 Степени“.

Што се однесува до оние кои веќе платиле казна за прекршување на Ковид-19 мерките или ги одлежале затворските денови, министерството дополнително ќе размислува како да постапи. 

Казните за прекршување на мерките беа парични, но граѓанинот има временски рок од две години за да ја плати казната, во спротивно следува затворска казна. Тупанчевски во интервјуот нагласи, дека амнестијата е планирана само за граѓани, а не за правни лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons