МакедонијаНајново

Тешка сообраќајна несреќа во скопско, повредени се 13 луѓе 

На локалниот пат меѓу скопските села Брњарци и Стајковци се случила тешка сообраќајна несреќа меѓу три возила, во која се повредени вкупно 13 луѓе, а четворица од нив имаат тешки повреди, соопшти МВР. Едниот од автомобилите кои учествувале во сообраќајката го возело дете, велат од полицијата.

„На 07.05.2023 во 13:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Брњарци–с.Стајковци, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „Ауди” со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник од Скопје, патничко моторно возило „Нисан” со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(35) од с.Страчинци, скопско и патничко моторно возило „Ауди” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(30) од селото Никиштане, скопско“, пишува во полицискиот билтен.

Во несреќата тешко се повредени возачот И.Б. и сопатниците од неговото возило Љ.Б.(25), С.Б.(62) и З.Б.(37), сите од с.Страчинци. Полесни повреди имаат возачот А.М. и осум сопатници од сите три возила, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза” и Градската општа болница „Св.Наум Охридски”

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons