Во Македонија има околу 180.000 парчиња легално оружје 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за Алсат изјави дека во земјава има околу 180.000 официјално регистрирани парчиња оружје. На 4 јуни годинава завршува рокот за промена на дозволите. Според него, во текот на 2022 и 2023 година евидентно е намалување на интересот за добивање дозволи за огнено оружје.

Во последниве две години полицијата открила и кривично гони повеќе од 260 лица поради сомнение за нелегално поседување оружје.

Алармот за ревизија на дозволите за употреба на огнено оружје се вклучи по двете сериски убиства во Србија. Српските власти го започнаа процесот на враќање на нелегалното оружјето со ветување за амнестија. Во меѓувреме, кај нас Јавниот обвинител повика органите на прогонот да бидат поригорозни при кривичните дела поврзани со недозволено поседување оружје.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons