За само 5 години двојно се зголемил интересот на матурантите за студирање во странство 

За само 5 години двојно се зголемил интересот на матурантите за студирање во странство, покажаа истражувањата на Правниот факултет при УГД, спроведени во 4-те региони од левата страна на Вардар. 

Дополнително, секој 4-ти матурант кој не би го продолжил образованието, се изјаснил дека сака да се исели од државата.

-Доколку земеме во предвид дека оваа година за државна матура од овие региони се пријавени нешто повеќе од 3500 матуранти и ако ги вкалкулираме овие статистики коишто не се егзактни, туку се сериозно индикативни, тогаш можеме да дојдеме до бројка од околу 900 млади кои потенцијално би ја напуштиле државата, само од последната генерација. Тоа е навистина голема бројка и ова е навистина сериозне проблем, изјави Проф. Страшко Стојановски, Правен факултет, УГД – Штип.

За разлика од нивните врсници од останатите градови, за штипските матуранти прв избор се странските универзитети, посебно атрактивни за нив се тие во Словенија, а втор избор се државните домашни високо школски установи.

-Не се работи за образовна политика, многу е јасно и ние социолозите можеме да забележиме дека се работи за класична демографска стратегија на Словенија да привлече население, не само од Македонија, туку и од поширокиот регион, додаде Стојановски.

Како причина за заминување, матурантите ги навеле, квалитетот на студиските програми, рејтингот на универзитетите и мотивацијата од семејството. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons