ТАКСИСТ ВО СКОПЈЕ ОГРАБИЛ КИНЕСКИ ТУРИСТ, не сакал да плати превисока цена
Скопски таксист бил приведен откако ограбил кинески турист кој одбил да му плати повеќе од реалната цена на превозот, соопшти МВР.
Случајот се случил ноќеска во Скопје, во општина Аеродром. Во 01:50 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.К. (29) од Скопје.
Според пријавеното, А.К. со своето приватно такси-возило го превезол Ј.Т. (26) од Кина до бараната дестинација. Откако пристигнале, таксистот му побарал да плати повисока сума од реалната цена на превозот.
Кога туристот одбил да ја плати повисоката сума, таксистот, според пријавеното, му се заканил со остар предмет и му одзел пари.
По целосното документирање на случајот, ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје ќе поднесат кривична пријава против такститот за кривично дело разбојништво.



