Oвие граѓани од 1 декември нема да имаат дневна евтина струја – Познато е зошто!

Од 1 декември годинава, домаќинствата ќе можат да користат поевтина струја во периодот од 13 до 15 часот, што ќе им овозможи да заштедат на сметките за електрична енергија.

Евтина струја преку ден ќе има од 13 до 15 часот, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Днeвната евтина струја ќе стартува од декември, а во меѓувреме ЕВН треба да ги сетира сите броила.

„Покрај дневната евтина струја во периодот од 13 часот до 15 часот, останува на сила и ноќната евтина тарифа од 22 часот до 7 часот. 

Нашата држава, како и цела Европа се соочи со енергетска криза, но беше мотивирачка кај сите и се започна со интензивен циклус со инвестиции во капацитети што произведуваат струја од обновливи изври на енергија. Ние тоа го нарековме Елдорадо на инвестиции во обновливи извори.

Во овој период, во време на енергетска криза за 20 % го зголемивме инсталираниот капацитети,со што се релаксира состојбата во енергетската слика кај нас. 

Стравот од високи сметки, се покажа како најголема мотивација за да се стартува со интензивен инвестициски циклус, кој пак даде резултат со што се намали увозната зависност и од традиционалните нотирани 30 % увоз на електрична енергија, процентот се преполови и сега изнесува 15 % во првите неколку месеци од годинава“, кажа претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.

Оваа поволност се најавуваше како можност уште од летоска, но терминот се развлече за шест месеци. 

Евтината дневна тарифа беше укината на 1 јануари 2022 година, како последица на енергетската криза. И натаму останува вечерната евтина тарифа од 22 до 7 часот наутро. 

На почетокот на оваа година ДДВ за електрична енергија се зголеми од 5 на 10 отсто. Во летниот период се врати на редовните 18 отсто.

– Електродистрибуција поседува 170.000 броила со далечинска комуникација и 650.000 обични броила што треба да се нагодуваат на самото место. 

Броилата ќе се сетираат уште во декември, освен недостапните кои ќе се нагодуваат во наредниот период. Од 1-ви декември ќе влегува во сила новиот тарифен систем, а тогаш ќе почне и нагодувањето на броилата – објаснуваат од ЕВН.

Како што во претходните неколку наврати информираа од РКЕ, бидејќи само 170.000 броила се дигитални тие ќе можат компјутерски да се нагодуваат, останатите 650.000 ќе мора рачно да се приспособуваат, а за да се случи тоа, ќе мора да се чека на 1 декември да влезе во сила новиот тарифен систем. 

Според тоа, на почетокот на декември евтина дневна тарифа ќе добијат само оние со дигитални броила, а останатите ќе мора да почекаат уште неколку денови за да се заврши нагодувањето на самото место. 

Од компанијата претходно апелираа до граѓаните да бидат достапни нивните броила за да може да ја завршат работата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons