Строгите НАТО стандарди не трпат воено застарена армија 

Македонија има професионална и ефикасна армија, способна да одговори на современите закани и предизвици, согласни се челниците на одбраната, три години од зачленувањето на земјата во НАТО Алијансата. Со рекорден буџет од 274 милиони евра за годинава, Армијата на Македонија (АРМ) ќе треба да го продолжи патот на модернизацијата која ја бараат строгите стандарди на Алијансата.  За комплетно ново лице на македонската армија до 2032 година ќе бидат потрошени околу 900 милиони евра.  

Осум повеќенаменски хеликоптери, лесни оклопни возила (ЛОВ) на тркала, системи за противоклопна борба како и набавка на 30 „страјкери“ се само дел од армиската опрема што со планот за опремување и модернизација на Армијата на Македонија (АРМ), а што според строгите стандарди на НАТО, треба да се набават до 2025 година. 

Долгорочно пак, АРМ допрва ќе треба да се опремува и модернизира со мунициија за ваквиот тип на возила, со преносливи системи за противоклопна борба, опрема за артилерија, специјални возила за посебни намени, опрема за извидување и за разузнавање. Дополнително, модерна армија не може да се замисли и без пешадиско вооружување, опрема за инженерија, систем за заштита на дата базите со податоци…

Една третина од буџетот е наменет за македонската армија

Со рекорден буџет од 274 милиони евра за годинава, Армијата на Македонија (АРМ) ќе треба да го продолжи патот на модернизацијата која ја бараат строгите стандарди на НАТО Алијансата.  За комплетно ново лице на македонската армија до 2032 година ќе бидат потрошени околу 900 милиони евра.  

За таа цел, Македонија веќе потпишала девет договори со три земји. Шест договори се со Соединетите Американски Држави (САД), два со Турција и еден договор со Франција. 

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска вели дека дел од  оклопните возила од типот  „ЈЛТВ Ошкош“ се веќе пристигнати, а во меѓувреме е во тек набавката на оклопни транспортери од типот „Страјкер“ како и францускиот систем за противвоздушна одбрана за мали височини „Мистрал 3“. Потпишан е и договорот за набавка на артилериски системи од Турција. Два транспортни хеликоптери МИ-8 се во фаза на ремонтирање во соработка со Чешка. 

„Модернизацијата опфаќа неколку повеќе годишни проекти кои целосно го менуваат ликот на армијата. Во предзавршна фаза сме на анализа за набавка на осум повеќенаменски хеликоптери за што се пристигнати пет понуди од пет различни земји“, вели Петровска.

Набавките ќе бидат согласно принципот договор на влада со влада, затоа што, вели Петровска, тоа ќе биде гаранција дека договорите ќе се ослободени од сомнеж по кој било основ вклучително и сомнежот за корупција. 

За да биде достигнат НАТО критериумот од 2 проценти од бруто домашниот производ (БДП) во 2024 година Македонија ќе треба да издвои околу 300 милиони евра од БДП. 

„Вториот критериум на НАТО за одвојување на 20 проценти од одбранбениот буџет за опремување и модернизација веќе го надминавме имајќи предвид дека во 2023 година, 33 проценти од буџетот е наменет токму за опремување на армијата“, вели Петровска.

Без стратешките партнери тешко до модерна НАТО армија

САД со 137 милиони евра само за 2022 година, Велика Британија со 900 илјади евра помош за една година како и Турција со еден милион долари секоја година континуирано во последните 25 години, се најважните стратешки партнери на Македонија во областа на одбраната. 

Европската Унија (ЕУ) е посветена да работи со нашите партнери од Западниот Балкан во борбата против хибридните закани кои продолжуваат да ги поткопуваат нашата колективна безбедност и демократските процеси и ја поддржува нивната безбедност, како и нивната одбрана, изјави по последната посета на Македонија, високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел. 

Директорот на Генералштабот, бригадниот генерал, Симеон Трајковски на средбата со новинарите информираше дека со одлука на Советот на ЕУ во март годинава ЕУ одобрила девет милиони евра во воена опрема како мерки за асистенција и поддршка од Европскиот мировен фонд за Република Македонија. Овие пари ќе бидат искористени за подобрување и надградба на опремата на лесната пешадиска баталјонска група. 

„Воената опрема која е предмет на мерки за асистенција и поддршка со финансиските средства е од областа на копнените сили, логистиката, комуникациско-информациските ситеми, АБХО опремата, инженеријата како и од областа на обуката“, вели Трајковски. 

Што се однесува до деветте договори за набавка на воена опрема, шест од нив се со САД. Од нив Македонија ќе купува лесни оклопни возила и лесни околопни возила на тркала. Освен ова, македонската армија од САД ќе купи и муниција за вооружување на лесните оклопни возила, преносливи системи за противоклопна борба, комплет за контрола на здружен оган, специјални возила за посебни намени како и опрема за извидување и разузнавање. 

За сега армијата не планира да набавува беспилотни летала или дронови нешто што е најнов тренд во воената индустрија.

„Генералштабот е во анализа за долгорочен развој. Анализите покажуваат дека има потреба од дронови но тоа не е итно. Има делови од армијата, како што е военото разузнавање, каде што се потребни дроновите и секако дека во тој дел плановите може да се адаптираат“, вели началникот на Генералштабот, генерал-потполковник, Васко Ѓурчиновски. 

Двата договори со Турција пак предвидуваат набавка на лесни оклопни возила на тркала и опрема за артилерија а армијата од Франција ќе купува опрема за противвоздушна одбрана. 

Бригадниот генерал Трајковски вели дека се потпишани договори за купување на 45 оклопни возила од типот “ЈЛТВ“ кои шест се веќе пристигнати а годинава треба да стигнат нови 27. 

„Ќе се набавуваат и 30 оклопни транспортери од типот „Страјкер“. Шест треба да бидат испорачани до крајот на 2024 година а во 2025 година треба да стигнат уште 24 други. На крајот на 2022 година е потпишан договор за набавка на системи за противоклопна борба „АТГМ Јавелин како и лесни оклопни возила и интегрирана опрема за специјалните слили“, информира Трајковски. 

За да ги задоволи НАТО стандардите, Македонија до 2032 година че мора да се опреми и со најнова балистичка заштитна опрема, пешадиско вооружување и муниција за истото, потоа ќе треба да докупи и опрема за армиската инженерија, радио и радио релејни уреди од новата генерација, систем за заштита на дата базата на информации, кинетичка и експлозивна опрема за совладување препреки, комплет за тактичка експлоатација на терен како и опрема за уреди за подигање на мети. 

Донирањето на хеликоптерите на Украина не ја нарушува безбедноста на државата

Нема ништо спорно во донацијата на 12 хеликоптери МИ-24 на Украина и со тоа на никаков начин не е загрозена безбедноста на државата, децидни се челниците на македонската одбрана. Тие се едногласни дека во армијата нема место за опрема која е произведена во 1984 година и која со години стои само како бројка и истечен ресурс.

Началникот на Генералштабот, генералот-потполковник Васко Ѓурчиновски нема дилема за одлуката за донација на 12 хеликоптери на Украина. Станува збор за стара и нефункционална опрема, вели тој.

„Во целост стојам позади одлуките кои ги имаме донесено како генералштаб и предложено на Министерството за одбрана. Со тоа, апсолутно со ништо и никогаш не е нарушена борбената готовност на нашата армија. Впрочем се ослободивме од стара, неперспективна и нефункционална опрема, а од друга страна значително ја подобруваме и модернизираме армијата. Отуѓувањето или донирањето на старата воена опрема зависи од случувањата на бојното поле. Последно што дониравме се хеликоптерите во Украина. За сега од нив друго барање не сме добиле. Претходно дониравме после страотниот земјотрес во Турција. Пред три години истото го направивме и за Албанија“, изјави Ѓурчиновски.  

                                                                                                                                                               


Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons