Странци без лиценци ќе добијат право да приредуваат онлајн игри на среќа во Македонија

Асоцијацијата на обложувалници смета дека Владата преку Државна лотарија на Македонија ќе им додели единствено право на три странски фирми да приредуваат онлајн игри на среќа без стекната лиценца. Од АСОМ велат дека овие три субјекти ќе бидат во сопственост од 51 отсто во Државна лотарија, а останатиот удел од 49 проценти ќе им припадне на странски фирми по критериум, за кој што асоцијацијата смета дека е намерно така скроен да не можат домашните приредувачи на игри на среќа да се јават на повикот. Ќе дојдат со една канцеларија, без лиценци и вработувања и ќе ги изнесуваат парите од државата, реагираат од таму.

Овој повик е веќе завршен на 22 септември, а до крајот на октомври се очекува да биде отворањето на понудите, по што ќе се изберат трите субјекти кои ќе го приредуваат ова интернет играње, за кое домашните обложувалници и натаму не им е јасно зошто не можат да го приредуваат. Сметаат дека условите се однапред договорени со оние што ќе аплицираат.

– Ова се одвива без консултации со асоцијацијата и надвор од Законот. Никаде законски не е пропишано како ќе се одбираат странските партнери, а повикот е направен во една чудна одлука чија содржина беше донесена како дополнување на една формална одлука. Самиот Закон кој е многу повисок акт ни овозможува и ние да учествуваме, но повикот не ни дозволува, вели Васко Илиевски, претседателот на АСОМ.

Од асоцијацијата сметаат дека самата постапка на јавниот повик е тенденциозно скроена со претпоставки кои не можат да се исполнат. Се бара од апликантите да имаат приходи од неколку десетици милиони евра, што домашните не можат да ги остварат. Од асоцијацијата се сомневаат дека ќе може да учествуваат и такви кои имаат само мал удел на сопственост во големи корпорации од секторот игри на среќа.

– Треба да работи во земја членка на ЕУ, што секако ние не сме тоа. Треба да има три години работно искуство и осум години да има таква маркетинг платформа. Нашето единствено искуство е само шест месеци во интернет игрите на среќа за време на ковид кризата, но сметам дека тоа е доволно затоа што стекнавме големо познавање во тој период и го имаме потребниот кадар, додава Илиевски.

faktor.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons