Сто килограми жито за мозаик на Мајка Тереза 

Уметникот од Ѓаковица, Алкент Пожегу, на денот на прогласувањето на Мајка Тереза за светица, го избра Скопје, нејзиното родно место, за да изработи мозаик со нејзиниот портрет со зрна жито и други мешункасти продукти. Со работа почна во 8 часот наутро, а својата креација ја заврши за 5 часа.

„За реализација на овој мозаик беа искористени околу 80 до 100 килограми жито. Има бел и црвен грав, бела, црвена и портокалова пченица, жито, ориз, семки од сончоглед. Тие се собираат за да го формираат мозаикот. Морав да работам 4 до 5 месеци, затоа што прво требаше да најдам разбирање со Владата на Македонија. Почнав со работа одвреме-навреме, за да ги обезбедам зрната што ми требаа, правев и некои тестови“, рече Алкент Пожегу – Креатор на мозаици од жито и семиња.

Ова не е прв пат Пожегу да привлекува внимание со своите креации. Досега три пати добил сертификати од Гинисовата книга на рекорди.

„За прв пат за мозаикот во 2014 година, каде што имаше две имиња – Роналдо и Меси, како и двете имиња Реал Мадрид и Барселона. Во 2017 година направив мозаик од Рита Ора. Тоа беше посебен мозаик за мене. Мојот придонес беше со цел тој сертификат за Гинисов рекорд да биде посветен на Рита, иако досега не добив потврда дека таа го прифатила. Потоа во 2019 година реализирав мозаик со портрет на претседателот Доналд Трамп. Тоа беше порака на благодарност до сите претседатели на САД за придонесот даден за Република Косово“, додаде тој.

Следна станица за Пожегу ќе биде Тирана, каде Рита Ора ќе настапи на 6 септември. Ќе ѝ направи уште еден портрет и вели дека голема желба му е да ја запознае и да разбере дали на нејзина адреса пристигнал сертификатот што ѝ го посветил./Alsat.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons