Стојко Стојков ја оцени како срамна изјавата на Јотова која негираше дека има Македонци во Бугарија 

Срамна и нечесна е изјавата на Јотова, вели Стојко Стојков од ОМО Илиден Пирин. 

Македонците во Бугарија се револтирани по изјавите на бугарската потпретседателката Илијана Јотова која среде Охрид која и покрај 16 те пресуди на Судот за човекови права во Стразбург и бројните извештаи на Стејт Департментот на САД, продолжува да го негира постоењето на Македонците во Бугарија. Првиот човек на ОМО Илинден Пирин, организацијата на Македонците во Бугарија смета дека ставовите на Јотова се срамни, пренесува Алфа. Македонците во Бугарија се разочарани и од потезите на македонските власти. 

Инаку, Јотова викендов беше во Битола со други бугарски политичари, каде отворија културен центар „Ванчо Михајлов“. Таа праша кои се тие Македонци во Бугарија, на прашање на новинарите дали ќе отворат македонски културни центри во Бугарија. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons