Сточарите се уште чекаат обештетување за свинската чума 

Одгледувачите на свинињи од руралните општини Зрновци, Чешиново-Облешево и Карбинци се уште чекаат на парите од обештетувањето за извршената депопулација. Незадоволни се и со начинот на кој Агенцијата за храна и ветринарство се справуваше со епидемијата на африканска свинска чума. 

  • Требаше да дојде доктор да испита, ако навистина е заболено, нека носат, нека тепаат, никој немаше да се противи, а тие, по ред. Нема договор, ниту потпис, ниту печат, ништо. Рекоа само сметка поднесете во ветеринарната станица и поднесовме и се уште пари нема- изјави Блажо Митревски, сточар.
  • Направија записник за цените и рекоа дека ќе исплатат, но до ден денес нема ништо. Немаат слух, ниту споменуваат дека треба да се исплати- изјави ВЕНЦО СТОЈАНОВ, ЗЕМЈОДЕЛЕЦ

Уште повеќе ги боли тоа што никој не им дава информации кога можат да започнат повторно да одгледуваат свињи за домашни потреби.

  •  Јас откако сум роден чувам свињи и сакам да си чувам- изјави Љубомир Цветков, сточар.
  • Ние сиромасите од тое преживувавме, да исчуваме едно до две свинчиња- додаде Митревски 

Од Агенцијата преку соопштение информираа дека,  се врши  административна и теренска проверка на поднесените барања за обесштетување на одгледувачите, чии свињи согласно донесените решенија за контролни и заштитни мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите беа депопулирани. Во моментот се спроведува обработка на предметите за надомест. По спроведување на сите проверки, ќе почне исплатата. Активни случаи кај питомата популација свињи, на целата територија на држава засега нема. 

Извесен период ќе нема и репопулацијата на одгледувалиштата на свињи. Еутаназирани се вкупно 3800 свињи од заштитните зони, а во кланица завршија 580 свињи од зоните под надзор.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons