Мнозинството од Македонците се против руската инвазија врз Украина, Бугарија е најголем непријател за речиси половина од граѓаните 

50,4 отсто од испитаниците во ново истражување спроведено од германската конзервативна Фондација „Конрад Аденауер“ во земјава, сметаат дека руската воена агресија врз Украина е неоправдана и неприфатлива, додека речиси двојно помал дел – 26,2 отсто сметаат дека е оправдана и прифатлива. 

Според истражувањето, спроведено за потребите на публикацијата „30 години надворешна политика и одбрана“, 65,7 отсто од испитаниците го поддржуваат проектот „Отворен Балкан“, додека 15 отсто не ја поддржуваат иницијативата за поблиска соработка меѓу Македонија, Албанија и Србија. 

57,1 проценти од испитаниците се изјасниле против таканаречениот „француски предлог“, со кој се тргна бугарското вето и се отворија преговорите со ЕУ. Предлогот го прифаќаат 27,2 проценти од граѓаните кои учествувале во истражувањето. 

Бугарија за најголем непријател на Македонија ја сметаат 44 отсто од испитаниците, а на второто место по негативниот впечаток кај граѓаните е Русија. Најголем дел од испитаниците (37,6 отсто) одговориле дека ја гледаат Србија како најголем сојузник на земјава. 

64,2 отсто од испитаниците го поддржуваат членството на Македонија во НАТО, што претставува сооднос од 2:1 во прилог на поддржувачите. Исто така, 56,2 процент од испитаниците сметаат дека со зачленувањето во НАТО, Македонија е побезбедна и постабилна, покажува истражувањето.

За членството на Македонија во ЕУ се изјасниле 63,8 проценти.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons