Столтенберг: Нема победник во нуклеарна војна, сите страни би станале гробници 

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја предупреди Русија да не користи нуклеарно оружје во војната во Украина.

„Нашата порака е јасна: по употребата на нуклеарно вооружување сите страни би станале гробници“, кажа Столтенберг за германски Велт.

Тој истакна дека нуклеарна војна не може да се добие, и дека никогаш не смее да се води, а тоа важи, како што подвлече, и за Русија.

Столтенберг укажа дека НАТО во моментов нема информации дека руските нуклеарни капацитети од почетокот на војната во Украина се ставени во повисоко ниво на готовност.

Тој го повика Западот да му испорача повеќе тешко вооружување на Киев.

„На Украина итно ѝ е потребно тешко вооружување. Западот би требало да ги интензивира тие испораки и да се спреми за подолгорочно ангажирање“, оцени Столтенберг.

Шефот на НАТО кажа дека само така Украина може успешно да се одбрани од руската инвазија.

На Украина ѝ порача дека мора да се спреми за долга војна со Русија, која би можела да трае со месеци, а можеби и со години.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons