Стефановски славеше на првата трка од Европскиот шампионат на ридски патеки 

Македонскиот автомобилист, Игор Стефановски Иџе викендот забележа победа на почетокот на новата сезона во Европскиот шампионат на ридски патеки.

 – Голема победа на голем празник! Само еден може да биде број 1 – напиша Стефановски на својот профил на Фејсбук.

Стефановски со своето Хјундаи во Франција го освои првото место во првата трка со време од 2:46:838.

Во генералниот пласман Македонецот е трет по лидерот Николас Вервер од Франција и  Италијанецот Лука Гаетани, двајцата со возила на Порше.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons