ССМ: Дали Владата сака да заштеди?Повисока минимална плата од април, наместо од март 

Сојузот на синдикатиите на Македонија реагира дека Министерството за труд и социјална политика, објавувајќи ја новата висина на минималната плата, во Службен весник стои дека таа започнува да се смета од месец април, наместо законски во март, како што претходно беше објавувано и по медиумите.

– Министерството за труд и социјална политика да ја корегира вчерашната објава во Службен весник  во која е наведено дека висината на минималната плата во бруто–износ во Република Северна Македонија, започнувајќи од април 2023 година изнесува 29.739 денари. 

ССМ смета дека „Владата прави обид да заштеди со тоа што еден месец нема да ја корегира платата на најсиромашните работници“, реагираат од синдикалната организација.

Од таму истакнуваат дека „се сериозно загрижени и изненадени од обидот на Владата преку Министерството за труд и социјална политика да ги манипулира најниско платените работници, тие кои всушност очекуваат грижа и заштита од државата која претендира да биде демократска, социјална и европски ориентирана“.

– Во Службен весник бр 58 од 16.3.2023 година е објавено дека висината на минималната плата во бруто–износ во Република Северна Македонија, започнувајќи од април 2023 година изнесува 29.739,00 денари. Оваа објава е спротивно на измената на член 4 од Законот за минимална плата направена со Закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата службен весник бр. 41 од 24 февруари 2022 година со кој е уредено дека исплатата на ново утврдената висина на минималната плата ќе се врши со исплата на платата за месец март тековната година. На овој начин државата прави обид да заштеди со тоа што еден месец нема да ја корегира платата на најсиромашните работници и граѓани што е преседан во однесувањето на демократските системи и влади, пишува во соопштението на ССМ

Сепак, од таму се надеваат дека станува збор за техничка грешка и дека неправдата ќе биде исправена,со корекција на објавата од страна на Министерството за труд и социјална политика објавена во Службен весник и нејзино усогласување со законските измени.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons