Актуелно

ССМ: Веднаш да се пристапи кон зголемување на платите

Сојузот на синдикати на Македонија бара Владата и работодавачите од приватниот сектор веднаш да пристапат кон зголемување на платите на работниците бидејќи, како што велат, и во време на ковид пандемија, работниците со својата работа помогнале да се зголеми капиталот на работодавачите, а државата наплаќала приходи по основ на даноци.

“Стоте најголеми компании оствариле вкупна добивка од 735,5 милиони евра во 2021 година, додека во 2020 година, добивката на овие компании била 517,4 милиони евра, што значи дека за една година добивката се зголемила за 42 проценти. Тоа значи дека работниците само во овие 100 најголеми компании биле попродуктивни и на своите работодавачи им сработиле фантастична добивка за дополнителни 218,1 милиони евра за само една година”, наведува ССМ.

Од ССМ посочуваат дека за разлика од зголемената добивка на капиталот на работодавачите, платите на работниците се зголемени за само 5,8 проценти колку што се зголемила просечната плата од декември 2020 до декември 2021 година според Државниот завод за статистика.

“Ова е периодот за кој Државниот завод за ревизија во извештајот за преземените владини мерки и политики за поддршка на вработувањето и професиите погодени од ковид-пандемијата констатира намалени приходи во Буџетот на РСМ во вкупен износ од 1 437 005 илјади денари, односно околу 23 милиони евра, а голем дел од тие средства не ни стигнаа до сметките на работниците, а за што ССМ предупредуваше дека ќе се случи”, велат од ССМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons