Крвави денови на патишатата – три жртви, петмина повредени во сообраќајки

Утрово во 9.15 часот на магистралниот пат Гостивар -Кичево кај кичевското село Зајас, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.И.(58) и патнички автомобил „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.И.(78), двајцата од Тетово.

На местото на несреќата, на повредите им подлегнала Т.В.(54) од Тетово додека во амбулантно возило, на пат кон Ургентниот центар во Скопје, починала С.Ц.(75) од Тетово, двете сопатнички во второто возило.

Вчера попладне пак дваесетгодишник прегазил седумдесет и деветгодишна жена во Кичево. -На 19.08.2022 во 18.15 часот било пријавено дека во Кичево на ул.“Кузман Јосифоски-Питу“ патничко моторно возило “туран“ со кичевски регистарски ознаки управувано од М.С.(20) од Кичево удрило во Д.Ц.(79) од Кичево, а потоа во паркирано патничко моторно возило “ауди“ со кичевски регистарски ознаки паркирано од П.З.(27) од Кичево. Во несреќата на местото на настанот починала Д.Ц. а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош, соопшти МВР.

Вчера околу 19 часот пикап “фиат добло карго“ удрило во две жени на возраст од 88 години наулица „Томе Арсовски“ во Скопје. Двете се здобиле со тешки телесни повреди.

Вчера вечерта пак нешто пред 23 часот било пријавено дека во Охрид на улица “Јане Сандански“ патничко моторно возило “цитроен“ со српски национални ознаки управувано од И.Н.(48) од Србија удрило во М.Н.(54) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Н. констатирани во болницата “Св. Еразмо“ во Охрид.

Исто така, вчера во 15.20 часот било пријавено дека на патот Демир Капија-Неготино патничко моторно возило “киа“ со косовски национални ознаки управувано од Е.Г.(30) од Косово излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила сопатничката П.Г.(29) од Косово. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Неготино.

Во Тетово пак вчера патничко моторно возило “опел виваро“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Ж.Р.(47) од Тетово удрило во Ж.А.(80) од Тетово. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons