МОН и МВР ги договорија новите протоколи во случај на дојава за бомба во училиштата

Ако едно училиште добие дојава за бомба, наставата нема да се прекине, потрагата по евентуално поставена бомба најпрво ќе ја прави полицијата заедно со вработени од училиштето, а ако има нешто сомнително дури тогаш се оди на евакуација на учениците и наставниците и се повикуваат антитерористичките единици на МВР. Ова е дел од новите упатства кои директорите на основните и средни училишта веќе ги добија.

Новите протоколи се договорени меѓу Министерството за образование, Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност.

Полициските патроли околу училиштата остануваат.

Нема промена во наредбата на МОН, еден час по евентуалната евакуација на училиштето, наставата да продолжи онлајн.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons