Со новиот „балансер“ нерезидентното население ќе биде дел од јавната администрација
И покрај предупредувањата на статистичарите, со новиот „балансер“ нерезидентното население ќе биде дел од јавната администрација.
Според промените на оваа алатка, кои по минатогодишниот попис ги направи министерот за информатичко општество и администрација Адимирим Алити 29,5 отсто или секој трет вработен во јавните институции ќе треба да е Албанец.
Првично, процентот што се најавуваше беше 31,54 отсто, а до новиот се дошло откако по барање на владата од балансерот биле остранети непопишаните.
На прашањето која е логиката луѓето кои не живеат во Македонија да учествуваат во процентот на вработувањето во администртацијата, министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговори дека параметар за сите политички прашања во државата е вкупното население.
Од друга страна, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вели дека е време балансерот да се тргне од критериумите за вработување во јавната служба. Наместо тоа, вели, единствено важно треба да бидат знаењата и вештините.
„Не. Ние се бориме за мерит систем ние се бориме за укинување на Бадинтер и Балансер ние се бориме за секој индивидуалец да се вработува онака како што одговара на неговите компетенции ,Христијан Мицкоски – Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Од Државниот завод за статистика, кој го спроведе пописот претходно кажаа дека за балансерот треба да се земаат предвид податоците за резидентното население, што значи дека треба да се вработат 24,30 отсто Албанци, 3,86 отсто Турци и други, но од владата остана на ставот во пресметките да се користи т.н. вкупно население..