СО ДВА МИНИМАЛЦИ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОКРИЕ: Повторно поскапе потрошувачката кошничка

Со две минимални плати нема шанси да се покрие потрошувачката кошничка за едно семејство од четири члена. Минималните трошоци на едно семејство во февруари чинат 57.476 денари. 

Тие се зголемени за 313 денари во однос на јануари, според податоците на синдикалната потрошувачка кошничка. 

Според денеска објавените податоци, вредноста на синдикалната минимална кошница во февруари изнесува 57.476 денари и во однос на јануари кога изнесувала 57.163 денари. Најмногу пари, односно 21.219 денари се потребни за храна, а потоа за режиски трошоци односно плаќање вода, електрична енергија и греење. 

Со изнајмен стан од 60 квадрати, минималните трошоци во февруари се 72.851 денари и се зголемени за 213 денари во споредба со јануари.  Со години потрошувачката кошничка е поскапа од две минимални плати. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons