Сообраќаен хаос најавен за утре во Скопје- еве каде ќе биде БЛОКИРАНО
Утре Управата за водење на матични книги илегува на протест, тие денеска преку соопштение објавија каде ќе биде блокадата во центарот на Скопје.
„Ве известуваме дека по повод штрајкот кој се одвива во управата за водење на матични книги, организиран од Независниот синдикат на управата утре 05.05.2022 година дополнително вработените од управата ќе оддржат протест од 15.00 часот до 17.00 часот пред министерството за правда каде ќе бидат блокирани улиците.
Во 16.00 часот пред министерството за правда ќе оддржиме и прес конференција на која ќе ги пренесеме нашите барања за која ќе ни биде чест доколку присуствувате и медиумски го покриете нашето излагање“, стои во нивното соопштение до јавноста.