Унгарија најави вето на европското ембарго на увоз на руска нафта

Унгарија ќе стави вето на предлогот на Европската Унија за забрана на увоз на руска нафта, потврди портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач за Би-би-си.

Ковач кажа дека предлогот на ЕУ „не е прифатлив“, додавајќи дека ембарго на руската нафта би ја „уништило унгарската економија“. Неговите изјави го доведуваат во прашање новиот пакет санкции на Европската Унија против Русија, бидејќи мора да го одобрат сите 27 членки на Унијата.

„Да, ќе ставиме вето. Мора да се сетите како Европската Унија функционира. Овој предлог доаѓа од Брисел. Тоа е административен, бирократски центар на Европската Унија. Не доаѓа од земјите членки“, кажа Ковач.

„Тие многу добро знаат дека тоа што го предлагаат оди против унгарските интереси. Тоа не е остварливо на терен. Ако се согласиме на тој предлог, целосно ќе ја уништиме унгарската економија“, кажа портпаролот на унгарската влада.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons