Командантот на Азов: Русите влегоа во челичарницата, водиме крвава битка (ВИДЕО) 

Командантот на ултранационалистичкиот украински полк Азов во челичарницата во Мариупол Денис Прокопенко кажа дека во Азовстал се водат тешки борби откако руските сили влегле во комплексот.

„Веќе два дена непријателот влегува на територијата на челичарницата. Се водат тешки, крвави битки“, кажа Прокопенко.

„Горд сум на своите војници кои преземаат натчовечки напори за да се спротивстават на налетите на непријателот. Му благодарам на целиот свет на огромната поддршка на борците во Мариупол. Ситуацијата е екстремно тешка, но продолжуваме да ги извршуваме командите и да го браниме Азовстал“, тврди командантот на Азов.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons