Актуелно

Возачите ќе добиваат код кога ќе ги регистрираат возилата, за да нема грешки со казните од „Безбеден град“

Сопствениците на возила отсега ќе добиваат код на нивниот мобилен телефон и преку имејл кога ќе ги регистрираат возилата, за да се избегнат какви било грешки при испраќањето на казни од „Безбеден град“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека при регистрација на возилата во станиците за технички преглед или во управните служби, откако сопственикот на возилото на шалтерот на МВР ќе го остави бројот од својот мобилен телефон и електронска меил адреса, на својот мобилен телефон и на електронската меил адреса добива порака со код за верификација и потврда дека бројот што го оставил е лично негов“, соопштија од МВР.

Оваа измена, како што велат од МВР, е во насока да се избегнат какви било грешки при испраќањето на казните од „Безбеден град“, кои и понатаму ќе бидат праќани преку СМС порака и на имејл-адресата на сторителот на прекршокот.

Уплатниците за казни од „Безбеден град“ не мора да се носат во полициja, вели МВР – Слободен печат

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons