Снимка од кабина на НАТО авион: блиска средба со руски воен авион (ВИДЕО) 

Снимка од кабина на НАТО авион: блиска средба со руски воен авион (ВИДЕО)

Пилотите велат дека ваквите настани се секојдневни, но и дека се зголемуваат тензиите меѓу Русија и НАТО, како и дека секоја средба е деликатен чин на балансирање.

Вежбите кои авионите на НАТО ги спроведувале над Балтичкото Море одеднаш станале вистински.

„Непознат објект леташе кон воздушниот простор на НАТО, а авионите тукушто се вратија од пресретнувањето“, вели дописничката на Би-би-си.

Полковникот Мајк Данек вели дека го идентификувале авионот, но дека не може да каже за кој тип станувало збор.

На прашањето од која земја дошол, тој одговара: „Не е членка на НАТО“.

На прашањето дали станувало збор за руски авион, тој вели: „Не прашувајте“.

Западниот воен пакт подоцна потврди дека станува збор за руски авион, јави Би-би-си.

Односите се влошија откако Русија ја почна инвазијата на Украина и стравот дека една грешка би можела да доведе до опасна ескалација е постојан.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons