СЛУШНЕТЕ: По пауза од 15 години, Врчак вечерва издаде нова песна (ВИДЕО)

„Дами и господа, по пауза од 15 години, повторно со вас. Слободно кажете им на сите дека Врчак се врати“, пишува во најавата за новата песна на ДНК и Врчак – „Посреќна“ – која е објавена денес.

Врчак, во соработка со Андреј и Панчо од ДНК, издаде нова песна по цели 15 години пауза. Песната насловена „Посреќна“ беше најавена пред околу еден месец и им разбуди носталгија на фановите, потсетувајќи ги на минатото и хитовите што ги помниме до денес.

„Дами и господа, по пауза од 15 години, утре повторно со вас: Диџеј Шорти ПИ ака Панчо, Андреј ДНК, Врчак…

Слободно кажете на вашата девојка/дечко, сестра/брат, другар/другарка, мајка/татко дека Врчак is back (се врати)“, пишува на вчерашна објава на Фејсбук профилот на ДНК.

„Посреќна“ е објавена денес, 19-ти ноември, и можете да ја слушнете во продолжение:



Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons