Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум
Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат од СОЗР за 4news.mk
Младиот македонец по пад од тобоган се здобил со тешка повреда , скршил вратен пршлен.
Со возилот на брзата помош тој е префрлен на скопските клиники.
Здравствените власти од Турција одобриле момчето да биде донесено во земјава со авион, а не со медицинско возило, па на барање на родителите , Фондот за здравство одобрил, а зад одлуката стои и министерството за здравство, потврдуваат од Владата, објави 4news.mk Во владиниот авион имаше и медицински тим кој ја следеше состојбата на повредениот.



