Скопје не е меѓу топ 10 загадени градови во светот, според светскиот мониторинг систем 

Согласно светскиот мониторинг систем WAQI кој ја мери загаденоста во сите главни градови во светот, градот Скопје не се наоѓа во листата на топ 10 загадени градови, соопшти Град Скопје.

Според истиот систем, најзагадени градови во Македонија, а со тоа и во топ 10 загадени во Европа се Струмица и Тетово, како и општините Гази Баба и Ѓорче Петров.

„Апелираме, пред објавување на информации, медиумите да ги проверат јавно достапните емпириски докази за загаденоста на воздухот во Скопје но и во цела Македонија“ наведуваат од градот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons