НАЈНИСКАТА ПЛАТА ВО ЗЕМЈАВА Е 17.790 ДЕНАРИ И НЕА ЈА ЗЕМААТ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЗАШТИТНИТЕ И ИСТРАЖНИТЕ ДЕЈНОСТИ – еве кои се топ петте со најлоши примања 

Најниската плата во земјава изнесува 17.790 денари и ја земаат вработените во заштитните и истражните дејности.

Ова го покажува последното соопштение на Државниот завод за статистика за висината на платите за март годинава.

После нив по лоша плата се вработените што работат на одржување станбени згради, односно во услугите поврзани со одржување на згради, чија плата е 19.810 денари.

На третото место на неславната листа се вработените во дејноста производство на кожа, со плата од 20.537 денари.

Четврти на лошиот список се вработените во дејностите за подготовка на оброци и служење на храна, со плата од 21.421 денар.

Додека, пак, петти одозгора надолу по лошата плата се вработените кои произведуваат облека, и тоа земаат 21.562 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons