ВАКА ИЗГЛЕДА ПОТРАГАТА НА ИНТЕРПОЛ ПО ИСЧЕЗНАТА ВАЊА ОД СКОПЈЕ: Кафена коса, кафени очи, бенка на десната страна од лицето, носи протези

Четиринаесетгодишната Ѓорѓевска исчезнала во понеделник наутро на пат кон училиштето „Песталоци“ во Скопје.

Интерпол вчера се вклучи во потрагата по исчезнатата 14-годишна скопјанка Вања Ѓорчевска, по која се трага веќе четврти ден. Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија формираше посебен штаб за потрага по Вања.

Четиринаесетгодишната Ѓорѓевска исчезнала во понеделник наутро на пат кон училиштето „Песталоци“ во Скопје.

Министерството за внатрешни работи продолжува со распит на сите лица кои биле блиски со Вања, проверувајќи и го компјутерот, прегледувајќи ги снимките од надзорните камери од објектите во областа каде што исчезна Вања.

Целиот регион се крена на нозе по исчезнувањето на 14-годишната Вања. Фотографијата на Вања со детален опис се споделува на социјалните мрежи, адресирана до секој кој може да помогне.

Vanja Đorčevska, nestala, Interpol, potraga

FOTO: INTERPOL PRINTSCREEN

Мајката на Вања во понеделникот на својот Фејсбук профил напишала дека девојчето во 7 часот и 20 минути излегло од дома за да оди на училиште и оттогаш се води како исчезнато. Последниот сигнал од нејзиниот телефон бил лоциран на улицата „Партизанска“ спроти Универзалната сала во Скопје.

Вања е висока 175 см, тежи 58 килограми, темно кафеава коса, кафени очи, носи протези, а има бенка на десната страна од лицето.

Облечена е во сина блуза, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафени риги. Носи училишен ранец и мобилен телефон Ајфон.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons