Скопскиот плоштад се претвори во депонија со отпад наместо донации

Скопскиот плоштад се претвори во депонија додека граѓани донираат и тоа што треба и тоа што не треба за загрозените од катастрофалниот земјотрес во Турција.

Денеска е последен ден на пунктот на Плоштад Македонија во центарот во Скопје, а од утре ќе биде затворен.

Волонтерот Девет Нуредини ги повика граѓаните да донираат исклучиво капути и дебели јакни, а не работи на кои местото повеќе им е во отпад.

– Има венчаници, штикли, искинати фармерки и работи за кои срам ми е да ги споменувам јавно, рече Нуредини во изјава за Телевизија 24.

Саит Саити, генералниот секретар на Црвен крст, исто така повика да се донираат само работи од кои Турција ќе има потреба.

– Да донираме нови и тоа се оние ќебиња, шатори, храна и хигиена кои имаат минимум стандарди за хуманата работа на Црвениот крст и Црвената полумесечина, порача Саити.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons