СКАНДАЛ НА КАРИЕРНИОТ ДИПЛОМАТ, АМБАСАДОРОТ ЦЕКОВ ОТПОВИКАН ОД ТОКИО 

Македонската дипломатија ја тресе голем скандал кој се однесува на амбасадорот Горан Цеков, кој е отповикан д амбасадата на Македонија во Токио, поради сексуално вознемирување, брифираат извори во Министерството за надворешни работи за expres.mk.

Поради тоа, од страна на првиот дипломат Бујар Османи и шефот на државата, Стево Пендаровски биле донесени одлуки за негово итно враќање во земјава.

На Горан Цеков, после завршувањето на дисциплинската постапка во МНР, дадени му се 5 дена да отпатува од Токио за да го одјави службениот стан и да си организира транспорт на покуќнината до Скопје.

Скандалот се случи откако бил пријавен од две жени кои соработувале со него во амбасадата во Токио.

Случајот прв го објави expres.mk на први јуни а потоа претседателот на комисијата за надворешна политика Антонијо Милошоски објави детали за скандалот со поплаки за мобинг и сексуално вознемирување, поднесени од една македонска дипломатка, и од јапонска државјанка која повремено работела на културни проекти во македонската амбасада.

Инаку, во биографијата на Горан Цеков стои дека е кариерен дипломат, кој работи од 1996 година во Министерството за надворешни работи. Бил на служба во Мисијата на РМ при НАТО во Брисел, во македонската амбасадата во Осло, Норвешка, а во 2019 година беше в.д. шеф на Мисијата на РСМ во НАТО во Брисел.

За амбасадор на Македонија во Токио е назначен во јули 2021 година.

ФОТО: ФБ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons