Сите се здружија против Орбан, а тој пак ги ИЗГАЗИ: На 63,21 преброени гласови, Фидес има 134 места, односно АПСОЛУТНО МНОЗИСТВО

– Владејачката партија Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан има голема предност пред своите опозициски ривали, според делумните резултати од парламентарните избори одржани денеска во Унгарија.

Прелиминарните резултати по пребројани 63.21 отсто од гласовите на националните партиски листи покажаа дека Фидес има 55,16 отсто од гласовите, во споредба со 33,09 отсто за Сојузот на шест опозициски партии.

Според овие резултати, Орбан би освои 134 од вкупно 199 места во Прламентот (апсолутно мнозиство). На претходните избори, во 2018-та година, Фидес на Орбан освои 133 места.

Фидес има предност и во повеќето изборни единици каде што се избира еден пратеник, покажуваат привремените резултати.

Резултатите од изборите ќе бидат објавени кога ќе се пребројат гласовите во сите изборни единици.

Во 19 часот официјално заврши гласањето за парламентарните избори во Унгарија.

Во Будимпешта се гласаше во 3.154 избирачки места и 23 области, јави агенцијата МТИ.

На изборите во Унгарија актуелниот премиер Виктор Орбан ќе се обиде да го освои четвртиот последователен мандат.

Кандидат на опозицијата за премиер е Петер Марки-Зај, кој во моментов е градоначалник на Ходмезевашархел, град во јужна Унгарија.

Коалицијата Обединети за Унгарија, која обединува шест опозициски партии со широк политички спектар – од либералите, преку центарот, до десното крило, ги здружи силите за да ја собори десничарската Фидес.

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) испрати мисија за набљудување на изборите во Унгарија, вклучувајќи 18 долгорочни набљудувачи и 200 други на денот на изборите. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons