Објавени првичните резултати: Вучиќ има повеќе од 70 отсто од гласовите 

Според првичните резултати од изборите во Србија, актуелниот претседател, Александар Вучиќ е во водство со 73,08 проценти од 2 отсто од пребројаните гласови на претседателските избори.

Зад него се Здравко Понош со 8,18 отсто и Милца Џурџевиќ Стаменковски со 4,64 отсто од пребројаните гласови.

И резултатите за парламентарните избори сугерираат водство на коалицијата на Вучиќ со 56,68 отсто од гласовите, а зад него е Ивица Дачиќ со 13,83 проценти.

Излезноста на парламентарните и претседателски избори во Србија изнесува 55 отсто – рекордна во последните 10 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons