Силно невреме во Романија и Бугарија, двајца загинати во Варна и Софија 

Две лица загинаа во невремето во Бугарија и Романија за време на викендот, што предизвика соборени дрвја и прекин на електричната енергија на брегот на Црното Море.

Во саботата вечерта, 43-годишна жена била згмечена од дрво по што починала во источниот град Варна, соопшти бугарската полиција. Повредени се и двајца спасувачи кога врз нив паднале скршени гранки.

Шеесет и петгодишен возач загина во Софија кога дрво паднало врз автомобилот во кој се наоѓал. Неговата сопруга е хоспитализирана во тешка состојба.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons