СЕ ПОВЕЌЕ СТРАНЦИ ВО ПОСЕТА НА МАКЕДОНИЈА – Еве колку туристи биле во август

Се повеќе странци ја посетуваат Македонија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Од почетокот на годината до крајот на месец август бројот на странски туристи пораснал за над 40 проценти. 

Имено, според најновите податоци на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2023 година изнесува 216.872 лица, од кои 52,9 отсто се домашни туристи, а 47,1 процент се странски туристи. 

– Бројот на ноќевањата во август 2023 година изнесува 877.138, од кои 75,2 отсто се од домашните туристи, а 24,8 процент од странските туристи. 

Во периодот јануари – август 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 22 отсто, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0,4 проценти, а кај странските има зголемување за 42,4 отсто. 

Во периодот јануари – август 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 9,6 отсто, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1,2 проценти, а кај странските има зголемување за 25,5 отсто – соопштува ДЗС.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons