МакедонијаНајново

Се запали инсталацијата на нова зграда во Кисела Вода, имало подземни експлозии

Пожар изби во инсталациите на нова станбена зграда на Трим и Лум во скопската населба Кисела Вода, откако околу 5 часот избувнал пожар пред влезот на објектот.

Според сведоштвата на жителите за МКД.мк,пожарот настанал урово кај 5 часот кога се запалила електрична инсталација која на која претходно извесен период биле изведувани работи.

Силниот чад за неколку минути го исполнил влезот на зградата, а жителите биле разбудени од полицијата, но и од силни детонации и звуци кои, како што велат, потсетувале на експлозии.

„Беше како сцена од хорор филм. Се слушаа удари како бомби. Луѓето панично излегуваа од становите, не знаејќи што се случува. Многу беше страшно, преживеавме огромен стрес“, раскажуваат вознемирени станари за МКД.мк.

Во паниката, семејства со мали деца и бебиња во раце трчале по скалите за да се спасат од чадот и огнот. Дел од нив излегле надвор боси и облечени само во пижами, без време да земат лични работи или документи.

Жителите велат дека експлозиите биле толку силни што се слушале и во становите на повисоките катови, предизвикувајќи страв и неизвесност кај сите присутни.

Во моментов зградата е без електрична енергија, а станарите стравуваат дека отстранувањето на штетите и враќањето во нормала би можело да потрае со недели, па дури и цел месец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons